1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почнува светската недела на водата

Во Стокхолм денеска почнува (26.08) светската недела на водата, во чиј фокус е односот на водата и исхраната. Врз глобалните ресурси на вода притисок вршат не само климатски феномени, како сушата, туку и други нешта.

„Водата е живот. Таа е срце на зелената економија и затоа мора да разговараме за ефикасноста на експлоатацијата на вода“, нагласува Кенза Робинсон, секретар на ОН за вода и вработена во одделот на ОН за економски и социјални прашања, УНДЕСА.

Водата се троши насекаде. Во енергетиката силата на водата важи како еколошки енергетски извор. Индустријата има потреба од огромни количества вода за производството - за производство на еден микрочип, кој е вграден во компјутер, се потребни 32 литри вода, а за производство на еден автомобил, во просек, по 400.000 литри.

Големиот круг

Сепак, најголем потрошувач на вода е земјоделството. Од глобалните ресурси на вода, денес 70 проценти се трошат од страна на земјоделството. И тоа не оди само за исхрана на луѓето, туку и за покривање на се‘ поголемите потреби од биогориво, како и за производство на храна за животни. Со оглед на тоа што глобалните ресурси на вода се движат секогаш во еден голем циркулаторен круг, односно постојано се рециклираат, не настануваат нови ресурси, количеството останува исто. Значи главниот проблем е во тоа колку добро се користи водата, вели Бенедикт Херлин, од Фондацијата за иднина на земјоделството во разговор за ДВ. „Клучно е како ја чуваме водата во почвата и во растенијата во вкупниот екосистем, пред таа да испари повторно и циркулацијата да почне одново“, нагласува новинарот и земјоделски експерт, кој е и член на Комисијата за иднина на храната.

Виртуелна димензија

Со здрава почва и одржливо земјоделство светското население, кое е во постојан раст, може сепак здраво да се храни, оценува Херлин. За одржливост може да се зборува тогаш кога во калкулациите е вклучена и таканаречената виртуелна вода. Тоа е водата која е сокриена во секој производ и која така невидлива се извезува, вклучително и во земјоделските производи. На пример, во една земја каде владеат суши, како Сомалија, се потребни 18.000 литри вода за производство на еден килограм пченица, а во Словачка само 465 литри. Затоа, како што нагласува Херлин, треба целото производство на прехранбени продукти да се прилагоди на количествто вода со која се располага.

„Германија увезува, на пример, вода од региони во кои ресурсите се многу помали отколку овде, кај нас, на пример во форма на соја“, вели Херлин. Зашто за производство на соја е потребно многу повеќе вода. „Оваа трговија со виртуелна вода мора во основа да биде насочена согласно тоа каде недостига вода, а не да се ориентира според парите“.

Ако се држиме до тоа правило, вели Херлин, тогаш тоа ќе значи збогување со монокултурите, кои и онака негативно се одразуваат врз кругот на циркулирање на водата. Зашто, во почвата на една монокултура, во споредба со мешаните култури, се складира многу помало количество вода. Освен тоа, многу монокултури имаат потреба од дополнително, вештачко наводнување. Затоа целото производство на храна треба да се прилагоди на количеството вода со која се располага.