1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почнува самитот за интеграција во Берлин

*

И покрај бојкотот на неколку здруженија на турски имигранти во Германија, на пладне во Берлин ќе започне вториот самит посветен на интеграцијата. Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја претстави новиот План за интеграција. Во него за првпат, се содржани иницијативите и предлозите на сите засегнати страни. Дел од поголемите здруженија на Турците ја бојкотираат средбата критикувајќи го новиот закон за доселување. Владата отфрли промена на законскиот текст.