1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почнува саемот на книгата во Лајпциг

Лајпцишкиот саем на книгата (12.03-15.03.2009) е пред се’ саем на публиката, но и фестивал за младата германска литература, како и мост кон Источна Европа. Годинава во Лајпциг се претставува и Македонија.

default

Знамиња со логото на саемот се развеани насекаде во Лајпциг

Саемот во Лајпциг често се нарекува „мал брат“ на Франкфуртскиот саем на книгата. Тоа е точно, ако се гледа само на бројките. Но, големината е релативна работа. Во 18 години од возобновувањето Лајпцишкиот саем на книгата се разви во стабилен и пред се’ симпатичен фактор во книжевниот пејсаж во Германија. Граѓаните на Лајпциг и гостите го обожуваат саемот. 129.000 посетители дојдоа во 2008 година.

Се разбира актуелната економска криза остави мали траги и тука. По долги години постојан раст, бројот на излагачи оваа година благо намален на 2.100 од 38 земји. Сепак големите книгоиздаватели се застапени и се’ повеќе мали издавачи го користат интересот што на овој саем на публиката би можеле да го предизвикаат. Во Лајпциг не е во фокусот големиот бизнис, туку богатата програма и јасниот профил.

Leipziger Buchmesse 2009 wird aufgebaut

Македонија ја презентира својата литература во Лајпциг

Од самиот почеток саемот во Лајпциг беше мост кон Средна и Источна Европа. Имено, во фокусот на саемот секоја година се наоѓа литературата од една или повеќе земји од овој регион. По успешната презентација на Хрватска во минатата година, годинава за првпат својата литература ја презентираат Македонија и Босна и Херцеговина.

„Во Лајпциг се држиме на активностите, кои во последните години беа форсирани тука, со цел на германскиот пазар да ги претставиме и позиционираме авторите и литературите од овие земји. И сигурен сум дека тоа ќе ни успее и во иднина“, вели директорот на саемот, Оливер Циле.

„Млад саем“ е мотото на кое со задоволство инсистираат организаторите на саемот. Лајпциг ги поттикнува младите независни издавачи, младата германска литература и пред се’ образованието и желбата за читање кај младите луѓе. Околу една третина од севкупната програма е посветена на младите читатели. Детските книги, стриповите и веќе традиционалниот натпревар во таленти за манга-стрипови привлекуваат околу 28.000 посетители.

Младите независни издавачи се претставуваат во саемските хали на сопствениот „остров на млади издавачи“. Младите генерации писатели се претставуваат на приредбите „Проза-прогнози“, „Авторската работилница“ и „Долгата Лајпцишка ноќ за читање“.

Цел Лајпциг живее за саемот на книгата

Deutschland Buchmesse Leipzig

Наградата на Саемот на книгата во Лајпциг по петти пат по ред ќе им биде доделена на најдобрите нови изданија од стручната литература и белетристиката, како и на најдобро преведената книга. Покрај Германската книжевна награда, која се доделува на есен на саемот во Франкфурт, Лајпцишката награда е признание кое не носи смо слава и финансиска подршка за натамошно пишување, туку им нуди на читателите литературни предлози и ориентација во германски книжевен пазар.

„20 години од падот на Берлинскиот ѕид“ е тема која разбирливо е посебно ценета во Лајпциг. Тука конечно пред две децении започнаа, во тоа време прочуените, понеделнички демонстрации. Од Лајпциг, имено, тргна мирната револуција, којашто на крајот доведе до падот на ѕидот. Сведоци, политичари и автори ќе настапат во Лајпциг за да говорат за своето искуство и да читаат извадоци од своите книги на оваа тема.

„Целиот град го слави саемот на книгата“. Ова е повеќе од само рекламен слоган. „Лајпциг чита“ се нарекува фестивалот, со кој саемот се распространува низ целото подрачје на градот. 1.500 писатели читаат извадоци од своите дела на повеќе од 300 локации во Лајпциг: во книжарниците, училиштата и на просторот на саемот, но, и на необични места, како на пример фризерски салони, судници или во трамвај. Конечно, да се чита, може секаде.