1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Почнува првата фаза од продажбата на ЕСМ

Македонија не е за продожба, е мотото на протестот што денеска го организира граѓанското здружение со симболично име „Глас за светлина“

Пред владата се собраа стотици луѓе да кажат не за продажбата на ЕСМ, најголемата македонска компанија.

„Не треба да се продаде, како што сме го граделе така треба да остане.“

„Денеска протестираме порад продажбата на ЕСМ, да не дојде до покачување на електричната енергија.“

Граѓаните се плашат дека со продажбата на Електростопанство Македонија ќе добие нов приватен монопол, кого никој не ќе може да го контролира во цените.

„Затоа што мислиме дека после ќе се поскапи струјата“

„ Ќе падне владата, ова не е влада, ова не мисли за народот, ќе ја направат по европски терк струјата, а една европска дневница е една наша плата.“

„Неможам да го платам ова затоа протестирам, ни јас ни жената не сме вработени.“

И додека граѓаните протестираа, пратениците во парламентот дебатираа за законот што треба да биде основа за приватизација на највредното парче од македонската економија.

Опозицијата е против Електростопанство да биде продадено набрзина и новиот соспственик да го добие и државниот имот на кој се изградени објектите на ЕСМ.

„Прво не се решени имотно – правните односи на огромен број на објектите на ЕСМ и не е јасно воопшто како владата може да продава нешто што нема јасен сопственички статус.“

„Овде не се работи за дефиниран имот. Владата единствено што прави со овој закон е брза и тоа за да ја заврши постапката за продажба на ЕСМ, и тоа со цел да се соберат пари, што ќе значат давање нова надеж за граѓаните на Македонија од кои наредната година ќе побараат нов мандат.“

Рекоа Илија Китановски од ВМРО ДПНЕ и Блаже Стојановски од ВМРО Народна.

Утре ќе биде распишан меѓународниот тендер на кој се очекува да конкурираат повеќе странски компании. Првичен интерес пројавија чешкото Електростопанство „Чес“, германски „Еон“ и компании од Австрија, Италија, Франција и САД.

Владата по сугестија на Светската банка и под притисок на македонската експертска јавност се откажа од намерата да го продаде ЕСМ во целина. Ја подели компанијата и во првата фаза што ќе стартува утре на проидажба ќе оди семо дистрибууацијата, а не и производството односно хидроцентарлите. Аргументот на владата е дека ЕСМ треба да се продаде за компанијата да работи поефикасно и поради процесот на глобализација што ЕСМ нема да го издржи ако остане само, излорано од другите европски електросистеми.