1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Почнува политичкиот маратон во Њујорк

Под раководството на новиот генерален секретар Бан Ки Мун започнува годинешното Генерално собрание на ОН.На дневен ред ќе бидат најгорливите проблеми на светот,од Дарфур,до Авганистан,Ирак и Блиски исток.

default

„На годинешното Генерално собрание повторно се работи за наоѓање решение на многустраните конфликти,пред се спорот со Иран и неговата атомска програма“,вели германскиот канцелар Ангела Меркел.

Ова е трет пат еден германски канцелар,а овојпат е канцелрка,да зборува пред Генералното собрание.За Ангела Меркел ќе биде премиера, кога наместо министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ќе застане на подиумот во салата на 192 народи.На денот,кој ќе биде во знакот на многу дискутираниот конфликт со Иран,пред неа ќе говорат американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад,кој не можеше да се воздржи од следниот коментар:

„Преку водењето војни некои брзо го шират своето владеење,натрупуваат богатства,ги користат сите потенцијали,додека другите страдаат во растечка сиромаштија.“

Индиректни пораки

Двајцата претседатели,Ахмадинеџад и Буш досега не се сретнаа ниту низ ходниците на ОН ниту во своите говори директно се обратија еден на друг,но секој знае на кого се однесува играта на зборови.Иранскиот претседател на маргините на Генералното собрание се погрижи за многу возбуда со желбата да ја посети Котата нула,местото на терористичките напади,што му беше одбиена,но не и настапот на реномираниот Универзитет Колумбија.

„Јасно е дека во светот постојат големи идеолошки борби меѓу екстремистите,кои се служат со теророт за да сеат страв и оние кои работат за слободата“,потенцира Буш при последниот дуел на далечина.

Советувања околу спорот со Иран

Темата Иран и според германскиот министер за надворешни работи Фарнк Валтер Штајнмаер ќе игра голема улога и зад кулисите,додека пред Советот за безбедност на план се нови санкции против Техеран.За тоа Ангела Меркел ќе разговара и со францускиот претседател Никола Саркози,додека трае советувањето на министрите за надворешни работи на петте вето сили и Германија.Штајнмаер за она што очекува од средбата:

„Ние ќе анализираме колкава е подготвеноста која ја покажува Иран сега наспроти меѓународната агенција за атомска енерегија за да одговори на отворените прашања.Ќе укажеме дека нема да дозволиме Иран тајно или отворено да врши вооружување со атомско оружје,“