1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почнува „петтото“ годишно време

Пролет, лето, есен и зима се четирите официјални годишни времиња во Германија, но во Рајнската област има уште едно, петто годишно време: карневалот.

default

Неговиот почеток според традицијата ќе биде означен денеска, на 11-от ден во 11-от месец, точно во 11 часот и 11 минути. Згора на тоа и годинава носи уште една единаесетка .

Зошто овој број игра толку голема улога во карневалот постојат неколку теории, но жителите на Рајнската област не ги засегаат такви прашања. Напротив, за нив во овој период најважни се пиењето, славењето, карневалските песни и се разбира - маскирањето. Денеска во градовите по должината на реката Рајна, како на пример Мајнц, Келн , Диселдорф и Бон, илјадници маскирани луѓе еуфоричноќе го прослават почетокот на „петото годишно време“.

Flash-Galerie 11.11 2011 Karneval

Карневалот меѓутоа доживува кулминација за време на Карневалската недела, која почнува во четврток и завршува една недела подоцна со среда пепелница, почетокот на велигденските пости. Карневалската недела која е одбележана со раскошни живописни поворки во маски и се разбира со пиење, пеење и славење до раните утрински часови, ќе започне на 16 февруари и ќе трае се’ до 22 февруари.

Автор: СН/дпа/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска