1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почнува муслиманскиот месец на пости

Верниците од исламска религија денеска (01.08.) почнуваат со триесетдневните строги пости. Муслиманите ќе се воздржуваат од јадење и пиење вода од пред изгрејсонце до зајдисонце.

default

Верници од Македонија се поклонуваат во џамија за Рамазан

Во тој период не се пушат ниту цигари, а муслиманите треба да се воздржуваат и од лоши мисли и дела. Постот трае до 29 август. Следниот ден се слави Рамазан Бајрам. Празникот го слави духовното и телесно прочистување на верникот. Порака за постите упати поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

Ramadan Mazedonien Islam Fastenmonat

Поглаварот на Исламската верска заедница со порака за постите

„Рамазан е месец кога сите ние го градиме нашиот авторитет и карактер врз база на исламските верски основи, правејќи прочистување на нашата совест од секаков сомнеж и лошотија“, нагласи Реџепи.

Муслиманите го почнуваат утрото на Рамазан Бајрам со молитва за празникот. Потоа ги посетуваат гробовите на предците и пријателите. Во трите дена славење, помладите им честитаат на постарите со бакнување рака. За гостите се подготвуваат традиционални јадења, меѓу кои има месо, баклава и сутлијаш.

Светиот месец се слави поради појавувањето на коранот

Рамазан е најсветиот месец за муслиманите, бидејќи пред точно 1401 година во овој месец коранот му бил откриен на Архангел Гаврил, а тој потоа му го предал на пророкот Мухамед. Рамазан секоја година се поместува 10 или 11 дена наназад, во зависност од тоа дали годината е престапна, поради разликата меѓу исламскиот и грегоријанскиот календар. Се верува дека за време на овој празник рајските порти се отвораат, а оние на пеколот се затвораат.

Iran weekly Gallery_30_11 Flash-Galerie

Верниците треба да се молат и да се воздржуваат од лоши мисли и дела

Освен телесниот и духовен пост, им се помага на сиромашните

Освен духовната – преку молитвите, моралната – преку воздржувањето од лоши мисли и дела, здравствената – преку прочистувањето на организмот, празникот има и социјална димензија. Верниците со храна и пари им помагаат на оние, кои се сиромашни и беспомошни. Во делот за почитувањето на блиските, поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија порача дека овој месец треба да се направи позитивна промена - индивидуална, семејна и општествена.

„На вистинските верници и оние со висок морал, јасно им е дека ова е месец на солидарноста и зближувањето меѓу себе, давајќи ја раката на милосрдие или помош на бедните и оние на кои им е потребна нашата помош, чиј број во оваа категорија од ден на ден, за жал, се зголемува во нашава средина“, изјави Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

Flash-Galerie Religion und Essen Islam

Триесет дена не се јаде и не се пие вода од пред изгрејсонце до зајдисонце

Во светиот месец тие треба да го проучуваат коранот, да се поклонуваат, да се покајуваат пред Алах и да му се заблагодаруваат за сите благодети, а исто така и да читаат муслиманска литература. При покајувањето за гревовите, треба да донесат цврста одлука дека нема никогаш да ги повторат.

Муслиманите би требало шест месеци да го испраќаат Рамазанот, а останатите пет да ги поминат во подготовка за неговото следно доаѓање, велат верските учители.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска