1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Почнува Лигата на шампиони - Борусија е пред Херкулесова задача

Со натпреварите од првото коло во групите А, Б, Ц и Д, вечерва (18.09) почнува јубилејната 20-та сезона во фудбалската Лигата на шампиони. Германската Борусија Дортмунд се надева на подобар успех од лани.

Дерби меч секако ќе биде пресметката на „Сантијаго Бернабе“, меѓу Реал и Манчестер Сити, натпревар, кој ќе го засени и дуелот помеѓу актуелниот првак Челзи и Јувентус, кој на програмата е утре. Реал, кој лошо стартуваше во домашното првенство, против англискиот првак, ќе се обиде дека покаже дека не станува збор на криза. Фудбалерите на „кралскиот клуб“ ќе имаат мотив плус, на својот тренер да му покажат дека се вистински тим. Манчестер Сити, во новата сезона стратува со не помалку мотиви од Реал, Манчини со своите избраници сака да остави подобар впечаток од минатата сезона, кога „граѓаните“ не ја минаа фазата по групи.

Како големи фаворити во дуелите со своите опоненти влегуваат и Борусија Дортмунд, Пари Сен Жермен и Арсенал. Распоредот на натпреаври по групи изгледа вака:

Група А:

Динамо Загреб-Порто

Пари Сен Жермен-Динамо Киев

Група Б:

Монпеље-Арсенал

Олимпијакос-Шалке

Група Ц:

Милан-Андерлехт

Малага-Зенит

Група Д:

Борусија Дортмунд-Ајакс

Реал Мадрид-Манчестер Сити.

Борусија Дортмунд во натпреварот против Ајакс се надева на победа која би била основа за дуелите против Реал и Манчестер Сити. „Ова е прв натпревар во групата, во групната фаза, на кој долго се радувавме. Групата е возбудлива, но притисокот нема да биде поголем отколку што треба. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра и ќе видиме што тоа ќе ни донесе“, изјави тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп.