1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почнува воена офанзива против Либија

Француски борбени ловци и воени авиони на коалиционите партнери го надледуваат либиското небо. Либискиот диктатор останува на ставот дека Западот нема право да интервенира.

default

Борбени ловци во Либија

Лидерите од ЕУ, САД, Арапската лига и Африканската унија денеска одлучија да почнат воена офанзива против трупите на либискиот диктатор Моамер Гадафи, со цел да го заштитат цивилното население и востаниците во Бенгази. На арапскиот народ му е потребна помош и наша одговорност е да му ја пружиме - истакна попладнево францускиот претседател Никола Саркози, по кризната средба на меѓународната заедница во Париз. Француски борбени авиони веќе ја надлетуваат територијата на Либија и се подготвени да ги нападнат тенковите на либиската армија, соопшти Саркози. Тој го предупреди Гадафи да се придржува до барањата на ОН, со цел да се спречи „најлошото“.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, исто така потврди дека светските лидери стигнале до заедничка одлука околу воената интервенција во Либија, но уште еднаш нагласи дека ставот на Германија останува непроменет - Берлин останува настрана од активностите на сојузниците.

И британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека е време за „итна акција“ во Либија. „Гадафи ја излажа меѓународната заедница, вети примирје, но не се придржува до него. Продолжува со бруталноста кон своите граѓани и затоа дојдено е времето за акција, која треба итно да се спроведе. Мораме да ја имплементираме волјата на ОН и не смееме да дозволиме масакрот да продолжи“, истакна Камерон за новинарите по денешниот состанок во Париз.

Гадафи: Западот нема право да интервенира

Libyen 19.03.2011

Трупите на Гадафи го нападнаа Бенгази

Претходно, силите на Гадафи навлегоа во градот Бенгази, упориштето на либиската опозиција, што може уште повеќе да ја искомплицира воената акција на Западот.

Либискиот диктатор останува на ставот дека Западот нема право да интервенира. „Тоа е неправда, чиста агресија“, пишува диктаторот во писмото, кое претходно го испрати до Франција, Велика Британија и ОН. „Ќе зажалите, доколку се одлучите да се вмешате во нашите внатрешни работи“, цитираше портпарол на либиската влада, Ибрахим Муса. Посебно писмо Гадафи упатил до американскиот претседател Барак Обама. Во него, меѓу другото, Гадафи пишува оти не се бори против сопствениот народ, туку против луѓе на терористичката мрежа Ал Каеда, распространета низ цела Африка. Тој уште додава дека неговиот народ е подготвен и да умре за него.

Автор: ТТ/ АТ/ ројтерс/ ап

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема