1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почнува Вевчанскиот карневал

Со дефиле на маски, концерти и пречек на Старата нова година на отворено, денеска и утре во Вевчани се одржува традиционалниот Вевчански карневал.

На отворањето попладне ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Во Вечани денеска се присутни и политичари, амбасадори и претставници на дипломатските претставништва во земјата. Манифестацијата ќе заврши утре, со василичарско оро и со ритуално палење на маските. Според градоначалникот на Вевчани Перо Илиески, годинешниот карневал е најдобро организиран досега: „Очекувам голем дел од маските да бидат во духот на актуелните политички случувања во земјава, да ја исмеат годината што помина, како и домашната и свеска политика“, рече Илиевски.

Првпат годинава на влезот на Вевчани како симбол на „Вевчанската Република“ е поставена рампа на која пишува „царина“. Секој што сака да влезе во Вевчани мора да плати т.н. портарина од 55 денари. Од Општината се оградуваат од ова и велат дека најверојатно тоа е во организација на некои од василичарските здруженија.

Карневалот го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар и е во чест на свети Василиј Велики - заштитник на василичарите и на Вевчани. Се разликува од други карневали во светот по архаичноста и уникатните маски, претставувајќи спој меѓу паганско и современо празнување.  

Автор: СН/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска