1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почнуваат Струшки вечери на поезијата

Во Струга денеска (23.08) свечено ќе биде означен почетокот на 51. Вечери на поезијата. Годинaшен лауреат е јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероти.

default

Со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероти, и традиционалното читање на песната „Т'га за југ“ пред Домот на поезијата, денеска во Струга почнуваат 51. Струшки вечери на поезијата.

Поетскиот фестивал свечено ќе биде отворен пред Домот на поезијата, по што ќе се одржи меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, а потоа следува претставувањето на Франсоа - Ксавие Мегр од Франција, добитник на наградата на УНЕСКО и СВП за најдобар млад поет.

На поетскиот фестивал во Струга што ќе трае до 28 август учествуваат 60-тина странски и исто толку домашни поети. Покрај од Македонија, ќе учествуваат и истакнати поети од Азербејџан, Франција, Индија, Куба, Ирак, Грција, Куба, Сирија, Мароко.

слушај аудио 03:26

Монгани Вали Сероти ексклузивно за ДВ

Во катедралната црква „Св. Софија“ во сабота (25.08) ќе биде претставено творештвото на годинашниот добитник на Златниот венец, Монгани Вали Сероти, а во недела ќе се одржи Меѓународен митинг на поезијата „Мостови“ на кој свечено ќе бидат врачени наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга“ и „Иселеничка грамота“.

Учесниците на СВП на 27 август ќе посетат неколку градови низ Македонија, а манифестацијата ќе биде заокружена на 28 август во Друштвото на писатели на Македонија, каде што лауреатот на „Златниот венец“ ќе биде прогласен за почесен член на македонската поетска асоцијација.

Во склоп на фестивалот ќе се одржи и омаж за браќата Миладиновци, по повод 150 години од нивната смрт, и омаж за Ацо Шопов, по повод 30 години од неговата смрт.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема