1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почна 59 филмски Фестивал во Кан

За “Златната палма“ се натпреваруваат 2о филмови. Германски филмови не се во трка. Надвор од конкуренција, на почетокот на фестивалот, беше прикажан холивудскиот трилер “Кодот на Да Винчи“

default

„Водителката на церемонијата, сум јас“, рече францускиот актер Вансант Касел, сакајќи да покаже дека за прв пат во историјата на фестивалот од Кан, отворањето и затворањето ќе биде претседавано од еден маж.

Вансан Касел, кој како актер беше откриен токму во Кан во филмот на Матио Касовиц - „Омраза“, во Канскиот фестивал гледа симбол на разноликоста, поздравувајќи го „фамозното мултикултурно богатство на Франција, дефинитвно земја на културен азил“

„Затоа, најнормално е што токму овде во Франција се одржува најголемиот меѓународен филмски фестивал во светот“.

Церемонијата беше кратка, проследена со претставувањето на жирито, претседавано од кинескиот синеаст Вонг Кар Ваи, со неговите неизбежни црни очила за сонце.

„Вечерва сум овде без однапред утврдена идеја, не барајќи да бранам еден филм, една земја или една кауза.“

По што следуваше кратко потсетување на неговиот филм „2046“, кога од филмското платно на сцената излезе оперската дива Ангела Георгиа, изведувајќи ја темата од филмот на Вонг Кар Ваи.

Фестивалот за отворен го прогласи американскиот актер и режисер, Сиднеј Пуатие,

„Со голема почит го прогласувам за отворен 59-от Фестивал од Кан“.

Претходно, како и секоја година се започна со неизбежното искачување на скалите, покриени со црвен тепих на фестивалската палата во Кан. Десетина дена тие ќе бидат центарот на светот. Зошто центарот на светот, бидејќи доволен е профилот на Моника Белучи или Анди Мак Доуел, Сам Џексон кој се замислува фотограф, сето пред електризираната но елегантна толпа народ.

Меѓу среќниците кои ги искачуваат скалите и многу непознати. Што се чувствува кога се наоѓаме на нив.

„Се чувствуваме како ѕвезди“.

„Веруваме,веруваме дека сме ѕвезди и секоја година сме овде. Кан е како дрога.“

“Тоа е многу пријатен спектакал, и кога ќе се најдеме во палата сенурнуваме во фимот“.

Фестивалот годинава беше отворен со филмот-настан „Кодот на Да Винчи“, чија цела екипа се најде во Кан, предводена од убавата Одре Тоту и режисерот Рон Ховард.

Но филмот по првото прикажување во Кан беше примен многу студено до професионалната публика.

„Се оди пребрзо, нема место за личностите.“

„Ми беше досадно.“

„Убав е филмотм тој е верен на романот.“

“Добро е реализиран“.

Додека на Азурниот брег се славеше, во Париз, истовремено група од 200 католички интегристи протестираа против прикажувањето на „Кодот на Да Винчи“.

Сериозните работи во Кан започнуваат денес со прикажувањето на филмот на Кен Лоч „Се подига ветерот“, во кој зборува за војната за независноста на Ирска. Вкупно 20 филмови се натпреваруваат за 59 Златна палма, и уште четирисетина се во официјална селекција.