1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почна 180. Октоберфест

Градоначалникот на Минхен, согласно традицијата, денеска (21.09) со отворањето на првото буре пиво го означи почетокот на најголемиот панаѓур во светот - Октоберфест.

Во Минхен, проследен со прекрасно време, денеска започна 180. Октоберфест. Со два удара со чеканот, градоначалникот на Минхен Кристијан Уде точно напладне го отвори првото буре пиво и со тоа ја означи за отворена најголемата народна прослава во светот. Првата кригла пиво градоначалникот Уде му ја предаде на премиерот на германската покраина Баварија, Хорст Зехофер. Во главниот град на Баварија во наредните 16 дена се очекуваат околу 6 милиони посетители кои ќе бидат дел од панаѓурот кој се простира на 30 хектари површина на минхенската Терезиен-ливада.

Како и секоја година, посетителите таму ги очекуваат бројни атракции, меѓу кои посебно се издвојуваат огромните пивски шатори, каде се слави под полна пареа со кригли со пиво од еден литар, а се јадат традиционални баварски јадења.

Oktoberfest 2013 Eröffnung Oberbürgermeister Christian Ude

Градоначалникот на Минхен Кристијан Уде точно напладне го отвори првото буре пиво

Се очекува дека до 6 октомври на годинешниот јубилеен Октоберфест ќе се испијат околу осум милиони литри пиво и ќе се изедат стотици илјади печени кокошки. Најголем дел од посетителите на Октоберфест доаѓаат во традиционална баварска облека, како што се кожените пантолони (ледерхозе) и женскиот фустан (дирндл). Годинава цената на една кригла пиво од еден литар се доближи до границата од 10 евра и изнесува 9,85 евра.