1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почна уништувањето на сириското хемиско оружје

Тим експерти на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) почна со уништување на сириското хемиско оружје. Асад смета дека Германија може да посредува во конфликтот во неговата земја. Вестервеле експресно одби!

Првите инспектори на ОН пристигнаа во Сирија во вторникот (01.10.). Тимот се состои од 19 инспектори и 14-мина вработени во ОН. Нивна задача е до први ноември да ги демонтираат сириските капацитети за хемиско оружје, а до средината на 2014 година да ги уништат различните боеви супстанци. Сирија соопшти дека целосно ќе соработува со експертите на ОН и на ОПЦВ. Се претпоставува дека Сирија има арсенал од околу илјада тони хемиско оружје, распоредено на 45 локации.

Асад ја става во игра Германија како посредник

Сирискиот претседател Башар ал-Асад, во меѓувреме, се изјасни за посредничка улога на Германија во граѓанската војна во неговата земја.

„Би се радувал доколку германски посредници дојдат во Дамаск за да разговараат со нас за вистинските состојби“, изјави Асад во интервју за „Шпигел“. Според Асад, Германците и Австријците најдобро сфаќале што се случува во Сирија. „Германија е најблиску до вистината“, нагласи тој.

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле веднаш ја отфрли ваквата идеја и за „Шпигел онлајн“ рече дека посредник на ОН и на Арапската лига веќе е Лакдар Брахими и Германија му дава поддршка.

Syrien Präsident Bashar al-Assad

Башар ал-Асад

„Шпигел“ пишува дека Иран му дозволил на Асад безбедно стационирање на борбени авиони на своја територија. Повикувајќи се на информации од германските тајни служби, магазинот наведува дека „од ноември 2012 година има договор за воена соработка меѓу Сирија и Иран, кој на Асад му дозволува на иранска територија да стационира голем дел од својата воена авијација и да ја користи по потреба“. „Шпигел“ тврди и дека Иран има свои трупи во соседната земја, меѓу нив и елитни војници на Чуварите на револуцијата.