1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Почна Тур д’Франс – Канчелара во жолтата маичка

*

default

Андреас Кледен

Швајцарскиот велосипедист Фабијан Канчелара е победник на прологот на 94-тата велосипедска трка Тур д’Франс, што се одржа вчера на улиците на Лондон. Втор во возењето на хронометар на патека од 7,9 километри беше Германецот Андреас Кледен, а трет Американецот Џорџ Хајнкепи.

Ова е прв пат најпознатата професионална велосипедска трка во светот да се држи и во Велика Британија. Денеска таму ќе се вози и првата етапа долга 203 километри, од вкупно 20 колку се предвидени годинава. Веќе вечер велосипедскиот караван се сели во Франција.

Уште една титула од Вимблдон за Венус Вилијамс

Американската тенисерка Венус Вилијамс ја освои својата четврта титула во Вимблдон. Во финалето на најпознатиот тениски турнир што се игра на тревнати терени Вилијамс ја совлада Французинката Марион Баротли со 6 спрема 4 и 6 спрема 1.

Во финалето во машка конкуренција денеска ќе играат Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.

Кличко - импресивен настап и одбрана на титулата

Украинскиот боксер Владимир Кличко ја одбрани титулата светски професионален првак во бокс во тешка категорија во верзијата на ИБФ. Пред 19 500 гледачи во Келнската арена тој доминираше во сите шест рунди - предизвикувачот, Американецот Лејмон Брустер, го предаде мечот пред почетокот на седмата рунда. Тоа беше трета одбрана на титулата од страна на помладиот од браќата Кличко, истовремено и убедлив реванш за поразот од истиот противник – Брустер - пред три години, исто така со технички нокаут. Билансот на 31-годишниот Владимир Кличко сега изнесува 49 победи и три порази. За 34-годишниот Лејмон Брустер синоќешниот беше четврти пораз во кариерата во вкупно 37 борби.