1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Почна судењето на Чочоровска

Денеска во скопскиот суд почна судењето на Станислава Чочоровска, обвинета за шверц на половина тон кокаин. Пратката од 483 килограми дрога од Венецуела за Грција, беше заплената во јануари на граничниот премин Блаце.

default

Станислава Чочоровска пред судот во Скопје

Станислава Чочоровска во целост го отфрли обвинението дека го организирала шверцот на половина тон кокаин, запленет на почетокот од годината во Македонија. Чочоровска, како првообвинета на процесот што почна денеска во Скопје, рече дека наводите изнесени во обвинението не се точни, а лицата со кои се поврзува за шверц на дрога не ги видела и не ги познава. Чочоровска наведе дека пратката со канти поликолор, во кои македонската полиција на седми јануари откри 493 килограми кокаин, ја организирал грчки бизнисмен кој и‘ должел 78 илјади долари. Наместо пари, се договориле да и‘ компензира со боја. Дрогата беше откриена во третата пратка канти со поликолор, во шлепер на граничниот премин Блаце, меѓу Македонија и Косово.

За што е обвинета Чочоровска?

Првообвинетата Чочоровска се товари дека е главен организатор на транспортот на дрогата со потекло од Венецуела, од каде што со хрватски брод била донесена во пристаништето Бар, во Црна Гора. Дрогата сокриена во канти со поликолор, беше натоварена во камион, управуван од второобвинетиот, Алија Азировиќ. Процесот против Чочоровска и Азировиќ почна по шест месеци истрага, а двајцата обвинети се наоѓаат во истражниот затвор во Скопје. Пред почетокот на судењето, адвокатот на Чочоровска, Димитар Дангов, изјави: ”Госпоѓа Полетан ја заврши својата одбрана. Тоа што имаше да каже – кажа. Станислава не виде докази. Кога ќе ги види ќе ја дополни својата изјава.”

Дали Чочоровска знае нешто за атентатот на Глигоров?

Чочоровска може да биде важен сведок за откривање на меѓународен шверцерски нарко-канал. Главниот претрес на судењето треба да трае до четврток, по што ќе бидат сослушани сведоци и обвинетите. Македонските медиуми ја нарекоа Чочоровска - балканска кралица на кокаинот, а српските ја споменуваа како можен сведок во истрагата за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров. Белградска ”Политика” напиша дека Чочоровска може да биде заштитен сведок во истрагата за атентатот бидејќи знае детали во врска со обидот за ликвидација на Глигоров од пред 12 години.