1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Почна судењето на Цохазопулос

Во Атина денеска (22.04) почна судскиот процес против поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохазопулос и 18 други лица. Тие се обвинети за перење пари.

Акис Цохазопулос, неговата сопруга, ќерката и петмина други осомничени во случајот, последната година ја минаа во зaтвор, чекајќи на почеток на судењето.

Цохазопулос е обвинет дека востановил систем на земање процент од продажбата на воена опрема, посебно на германски подморници и руски противвоздушни ракетни системи.

Тој наводно примил мито за два договори, а потоа парите ги вложил во купување недвижности во Грција.

Останатите обвинети во процесот се товарат или за помош во востановувањето на тој систем кој почнал да функционира од 1998 година или за неовластено примање пари.

Се очекува сдускиот процес да трае неколку месеци. Доколку обвинетите бидат осудени, можат да се соочат со затворска канза во траење до 20 години. Во одвоен случај во март, 73-годишниот Цохазопулос беше осуден на осум години затвор поради фалсификување потврди за приходи.

Акис Цохазопулос беше министер за одбрана од 1996 до 2001 година, а министер за разој во периодот од 2001 до 2004 година.