1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почна судењето на Ратко Младиќ

Пред Хашкиот трибунал денеска почна процесот против поранешниот командант на војската на босанските Срби Ратко Младиќ. Обвиненијата за 70-годишниот поранешен генерал се за геноцид и злосторства против човештвото.

Обвиненијата за кои се товари Младиќ се направени за време на босанската војна од 1992-ра до 1995-та година. Тој се смета дека одигра централна улога меѓу другото и во масакарот во Сребреница, кога беа убиени 8.000 мислимански мажи и момчиња.

Судењето на Младиќ ќе започне со воведен збор на обвинението, а одбраната на генералот соопшти дека во оваа фаза од процесот нема да одржи воведно обраќање и обвинетиот нема да се изјасни по обвинувањата. За време на процесот треба да бидат сослушани 411 сведоци на обвинителството. Сослушувањето на сведоците и изнесувањето на доказите на обвинителството ќе започне на 29-ти мај.

Обвиненителниот акт против Младиќ содржи 11 точки. Главното обвинение е поврзано со масакрот во Сребреница во јули 1995 година, кога босанските Срби убија околу 8.000 муслимани, што е признато за геноцид од Меѓународниот трибунал.

Хашкиот трубунал трагаше околу 16 години по Ратко Младиќ. Младиќ беше уапсен минатата година на северот од Србија. Долго по војната тој водел спокоен живот. По соборувањето на српскиот претседател Слободан Миолошевиќ во 2000-та година, тој беше во бегство.