1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Почна светскиот социјален форум

Со преку 100 илјади учесници во Порто Алегре започна големата манифестација на таканаречените противници на глобализацијата. Социјалниот форум е создаден како противтежа на економскиот форум во Давос.

Уште на почетокот најголемиот број иницијативи се однесуваа на барањата погодените земји од поплавата во Азија да бидат ослободени од долговите. Комплетно, веднаш и без предуслови, побара мрежата што го носи името “Јубилеј југ“. Координаторката на оваа мрежа Беверли Кин изјави:

“Место слаби и симболични гестови на помош, земјите од Групата 7 и меѓународните финансиски институции кои се под нивна контрола, би можеле да им помогнат на голем број луѓе и на заканите од економски штети со тоа што веднаш ќе им ги избришат долговите“, побара Кин.

Освен ова, втората главна тема на собирот е мирот. Учесниците на социјалниот форум ќе минат низ центарот на Порто Алегре во поворка под името “Марш за мирот“.