1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Почна самитот на Латинска Америка и ЕУ

Во Виена денеска, околу 60 шефови на држави и влади се собрани на самит ЕУ – Латинска Америка. ЕУ може да им биде урнек на државите од Латинска Америка – нивниот обид да создадат заедничка организација се вика “Меркосур“, но тој е заглавен кај прашањето – царинска и економска унија.

Еколошка активистка танцуваше пред шефовите на држави и влади на ЕУ и Латинска Америка

Еколошка активистка танцуваше пред шефовите на држави и влади на ЕУ и Латинска Америка

Во текот на фотографирањето за традиционалната “семејна фотографија“, шефовите на држави и влади не изгледаа лошо. Одеднаш еколошка активистка, облечена во бикини украсен со бисери почна да танцува пред нив, во високо обезбедуваниот простор каде што се одржува самитот. Евангелина Кароца, карневалска кралица, со својот настап сакаше да протестира против изградбата на фабрики за целулоза во Уругвај.

Луѓето од обезбедувањето ја отстранија жената, додека домаќинот, австрискиот канцелар, Волфганг Шисел, на прес конференцијата потоа повторно свесен почна со филозофија од типот – “Јужна Америка е поинаква од нас“. И притоа, не со поглед врз активистката, туку со поглед врз политичката карта. Но, истовремено, рече Шисел, постојат и заеднички вредности и цели. На патот на Латинска Америка кон поголема соработка нема да и се биде старател и ЕУ нема ништо против, ако и други држави како Кина се ангажираат во Латинска Америка:

“Јас не сум приврзаник на тезата што понекогаш се објавува – Внимание, ја губиме Латинска Америка! Ние немаме ништо. Ние ниту сме Хегемон, ни старател што нешто пропишува, туку сме пријател и партнер.“

Мексиканскиот претседател, Висенте Фокс изјави дека Латинска Америка може да научи од Европа за политичка интеграција, зашто во моментов самитот е засенет од конкуренцијата меѓу различните сојузништва на државите во Јужна Америка. Затоа и нема напредок во разговорите околу слободната трговија меѓу ЕУ и Јужна Америка. Судирот меѓу протекционистите, како што е боливискиот претседател, Ево Моралес и економските либерали, како Висенте Фокс, се префрли и на Виенската сцена. Мексиканскиот претседател изјави дека затворањето на пазарите и социјалистичкиот популизам не се решение:

“Тоа е една од големите пречки за пораст и равзој. Тоа е погрешен чекор во бормабат против сиромаштијата. Тоа го нарекувам популиза“, рече Фокс.

Боливискиот претседател, Моралес, по ставањето на нафтената индустрија во државни раце, такви чекори најави и за други стопански гранки. Венецуелскиот претседател, Хуго Чавез, е против капитализмот воопшто, а особено против САД. Со своите впечатливи настапи, тој е миленик на медиумите и ѕвезда на самитот, кој го држат невладините организации, а е критички настроен кон капитализмот. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, опомена дека во една глобална економија нема никаква полза од заплашување на инвеститорите со ставање рака на државата врз стопанските гранки. Важно е економските односи и националните ресурси да бидат така водени, за од тоа профит да имаат нациите и населението. На светската трговија и е потребна доверба. Инвеститорите мора да можат да бидат сигунри дека условите за нивниот ангажман се гарантирани на долги патеки, вели генералниот секретар.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на четвртиот самит ЕУ – Латинска Америка учествуваше само неколку часа и по неколку билатерлани средби, напладне си замина од Виена.