1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почна саемот на книгата во Лајпциг

Со свечена манифестација во Лајпциг е отворен годинешниот саем на книгата и фестивалот „Лајпциг чита“.

На отворањето литертурниот научник од Билефелд Клаус Михаел Богдал ја доби Лајпцишката книжевна награда за Европско разбирање дотирана со 15.000 евра за неговото последно дело „Европа ги открива циганите - една приказна за фасцинација и презир“. Наградата им се доделува на автори кои се залагаат за меѓусебно разбирање во Европа, пред се’ во земјите на Средна и Источна Европа. Наградата од 1994 година ја доделуваат градот Лајпциг, покраината Саксонија, Лајпцишкиот саем и берзанското здружение на германското книжарство.

Leipziger Buchmesse Eröffnung , Klaus-Michael Bogdal

Литературна награда за Клаус Михаел Богдал

Лајциг со години претставува мост кон литературата во Источна и Југоисточна Европа. Околу 40 автори од целиот Балкан тука ја презентираат својата домашна културна сцена. Истовремено саемот претставува почеток на културниот фестивал „Хрватска  Креатив  2013“ со што се најавува претстојниот пристап на Хрватска во ЕУ.

Лајпцишкиот саем на книгата за љубителите на литературaта годинава подготви околу 2800 манифестации на 365 места. До недела  тука ќе се презентираат речиси 2070 излагачи од 43 земји. Паралелно со сеамот во рамките на литературниот фестивал „Лајпциг чита“ околу 2900 автори и соработници ќе претстават литературни дела.

Кулминација на саемот е доделувањето на повеќе високо дотирани награди, меѓу кои е и Лајпцичката книжевна награда за Европско разбирање и Курт-Волф наградата.

Лајпцишкиот саем на книгата е вториот по големина германски литературен саем, по Франкфуртскиот, кој секоја година се одржува наесен.

Поврзана содржина