1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Почна референдумот во Црна Гора

Во Црна Гора од утринава во тек е референдумското изјаснување за независност. Повеќе од 484.000 граѓани со право на глас, треба да се изјаснат дали сакаат и натаму да живеат во заедница со Србија.

default

Според информациите на републичката референдумска комисија сите 1120 избирачки места биле отворени навреме. За да биде потврдена одлуката за независност потребно е најмалку 55% од бирачите да се изјаснат позитивно.

Меѓутоа референдумот ги подели граѓаните на Црна Гора на унионисти, оние кои се против одвојување од Србија и суверенисти кои се залагаат за целосна независност на оваа поранешна југословенска република

Меѓу жителите на Подгорица деновиве се чувствуваше страв дека за време на денешното изјаснување може да дојде до немири и судири меѓу Унионистите и цуверенистите. Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ вели дека нема причина за загриженост

„ Референдумот го доживувам како демократски израз на вољата на граѓаните кој ќе биде општо прифатен во Црна ГОра, значи и кај оние кои ќе бидат малцинство ќе го прифатат резултатот како демократски израз на вољата на мнозинството. Референдумот како демоктратско изјаснување е најдобриот инструмент да се реши прашањето за државниот статус на Црна Гора „

Вујановиќ е еден од најистакнатите преставници на суверенистите и смета дека нема алтернатива за независноста на Црна Гора

„ Во тоа сум сигурен и знам дека граѓаните на Црна Гора препознаа дека е невозможна одржливоста на државната заедница СиЦГ, која е штетна и за двете земји„

Аргументите на унионистите се разбира се дијаметрално спротивни. Претседателот на социјалдемократската народна партија Предраг Булартовиќ смета дека против независноста зборуваат и историските факти:

„ Црна Гора и Србија во државна заедница постојат речиси стотина години. Најголем дел од граѓаните во Црна Гора сметаат дека се србите и црногорците се еден ист народ„ смета Булатовиќ

Референдумското изјаснување ќе трае до 21 часот. Првичните резултати на 3400 домашни и странски набљудувачи се најавени за за еден час подоцна.