1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почна процесот против Шешељ во Хаг

*

Пред трибуналот за воени злостсорстава за поранешна Југославија во Ден Хаг денеска почна судскиот процес против лидерот на српските радикали Војислав Шешељ, обвинет за злосторства против човештвото во Хрватска. Судењето на Шешељ почна пред речиси една година, но беше прекинато поради штрајк со глад на Шешељ. Тој протестираше затоа што не му беш дозволено сам да се брани и за тоа да добие паричен надомест од трибуналот. Повеќе од три години Шешељ е во затворот на Трибуналот, откога во февруари 2003 доброволно се предаде.