1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почна процесот против Чочоровска - Полетан

*

Денеска во Скопје почна судскиот процес против Станислава Чочоровска Полетан и Алија Азировиќ возачот на камионот во кој полицијата ја заплени дрогата. Чочоровска се товари дека е главен организатор на транспортот на 483 килограми кокаин со потекло од Венецуела, од каде со хрватски брод бил донесен во пристаништето Бар во Црна Гора. Дрогата сокриена во канти од поликолор во камионот со кој управувал Азировиќ беше заленента на граничниот премин Блаце на почетокот на годинава.

Постои сомневање дека во шверцот учествувале и тројца грчки државјани по кои полицијата во Солун има распишано потерница.