1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почна процесот против наводен поддржувач на Ал Каеда во Германија

Пред покраинскиот суд во Шлезвих, вчера почна процесот против наводен поддржувач на терористичкта мрежа на Ал Каеда. Обвинет е Гермнец со мароканско потекло. Тој се товари дека во Кил основал терористичко здружение.

Германецот со мароканско потекло Редуан Е. Х. од вчера одговара пред покраинскиот суд во Шлезвих. Нему се префрлува дека ја поддржувал тетористичкта мрежа на Ал Каеда. Според германското јавно обвинителство во конкретниов случај станува збор за регрутирање на атентатори самоубијци. Обвинетиот се товари дека посредувал во барањето атентатори и помагал да влезат во Ирак.

Освен ова обвинетиот се смета дека трансферирал 5.000 евра во Египет и Сирија. Со парите требало да се набави оружје за божја војна. Парите биле наменети и за обука на лица за поставување експолозив. Со трансферот на парите, според мислење на германското обвинителство и се помогало на терористичката мрежа на Ал Каеда и истовремено е направен прекршок против законот за надворешно стопанство и прописите за ембарго на ОН.

Постојат и други докази дека постоела поврзаност меѓу обивинетиот и Ал Каеда. Според обвинителството 37 годишнио Редуан преку интернет поднел заклетва на Мула Омар, за него се смета дека е близок соработник на Бин Ладен.

Друга точка од обвинението е основање на терористичко здружение. Цел на ова здружение било да се формира фронт против крстоносните борци во Судан, се вели на страниците на германското јавно обвинителство. Во името на Осама Бил Ладен била планирана и Света војна.

Редуан инаку долги години живеел во Кил и во периодот од 1996 година стурдирал на Крситјан Албрехт универзитетот. Во 2004 година тој е ексматрикулиран. По престој во странство тој не се пријавил повторно на факултет.

Во визирот на безбедносните сили паднал сосем случајно. Во потрагата по наводен топ терорирст ненедаејно се појавило неговото име. Редуан требало да фунгира како контак лице за Саид Бахаји. Властите сметаат дека Бахаји припаѓа на така наречената Хамбуршка ќелија. Во оваа група покрај другите припаѓаа и атентаторите од 11 септември 2001 година. Врз основа на оваа можна поврзаност го опсервирале безбедносните сили, пред се биле следени неговите контакти преку интернет. Лицето за кое се смета дека е поддржувач на Ал Каеда уапсен е на главната железничка станица во Хамбург на 6 јули 2006 година. Една година подоцна почна процесот против него. Тој се одвива под високи безбедносни мерки.