1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почна прославата на 60 години Израел: две минути сирени

Израел вчера им оддаде почит на преку 22 илјади загинати во војните и терористичките напади. Во целата земја две минути одекнуваа сирени.

default

Церемонија со кревање знаме по повод 60 години Израел

Денот на независноста е одбележан денеска, по традиција една недела по одбележувањето на Холокаустот, како симбол на повторното раѓање на еврејскиот народ по масовните убиства од страна на национал-социјалистите.

Две минути Израелците стоеја во апсолутна тишина. Со мислите кон паднатите војници што го обединуваат еврејскиот Израел. Во 11 часот, пешаците застанаа, застанаа и автомобилите, радијата и телевизиите ги прекинаа прграмите. Две минути израелскиот народ беше со 22 –те илјади 437 борци и војници што од 1860 година ги дадоа живототе за еврејската држава.

На централната прослава на воените гробишта во Ерусалим, израелскиот премиер Ехуд Олмерт рече дека сеќавањето на паднатите ги брише сите поделби. Чувството на единство и заедничака судбина не е никогаш посилно отколку на ваков ден. Тој им се обрати на роднините на убиените војници и жртви на терористички напади:

„Ние очекуваме и се залагаме за мир, а не за војна. Заповед и завет на нашите предци е да се залагаме за мир и тоа да го направиме преку политиката, како и нашата готовност да направимме значајни компромиси. Зашто тоа е и заповед на паднатите и задача од нив кои ни оставија и друга задача: да живееме и храбро да ја браниме безбедноста на државата Израел„.

Зборовите на Олмерт за единство на Израелците звучеа како апел. Премиерот од минатиот петок е под внатрешно-политички притисок. Полицијата и обвинителството водат против него истрага поради можна замешаност во корупција. А, каква е атмосферата во земјата по повод денот на ензависноста?

„Најголемиот успех е што државата се уште постои и напредува. Недостигот е во тоа што се уште нема мир. Се надеваме дека ќе биде добро, дека кога и да е ќе го достигнеме, без да го загубиме трпението„.

Џери, 50-годишен занатечија од Тел Авив всушност репрезентативно ја опишува атмосферата во Израел на овој ден на независноста со која се согласни најголемиот број Израелци. Тие се најгорди на домашната хај-тех индустрија. Подеднакво горди се на израелските воени сили и нивните постигања, потоа на декларацијата за независност и основањето на државата. Најмалку се задоволни од актуелната политика: 50 проценти велат дека земјата оди во погрешна насока. Најнепопуларни се политичарите – тие се наоѓаат на дното на скалата. Најразочарани се од корупцијата во владата, следена од социјалниот јаз меѓу сиромашните и богатите и од школскиот систем.