1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почна повлекувањето на руската армија од Грузија?

Контрадикторни инфорамации: Русија трвди дека започна со повлекување, грузиската страна го негира тоа. ЕУ сака да ја засили соседската соработка со земјите од Кавказот. Во неа треба да биде вклучен и Туркменистан.

default

Руски војници во Грузија

Русија започна со повлекување на трупите од конфликтното подрачје во Кавказот, откако е извршена мисијата за спречување агресија од Грузија врз Јужна Осетија, како што објави на прес-конференција во Москва заменик-шефот на генералштабот на армијата генерал Анатолиј Ноговицин. Првиот конвој тргнал од главниот град на Јужна Осетија Цхинвали кон Владикавказ во руската република Северна Осетија. Се повлекуваат и трупите од градот Гори на чисто грузиска територија. Од таму веќе не произлегува никаква воена опасност, рече генералот. Од грузиска страна се демантирани неговите наводи со контра-тврдење за пробив на руската војска кон централниот дел на Грузија.


Идеја за конференција на ЕУ со земјите од Кавказот


Со оглед на кризата, ЕУ треба да ја преиспита и засили соседската политика со Грузија, Азербејџан, Ерменија и за прв пат и со Туркменистан, земји од регионот на Јужен Кавказ, смета германската влада. Идејата за конференција на Унијата со тие земји произлегла од вчерашната средба на канцеларот Ангела Меркел со грузискиот претседател Саакашвили. Идејата треба да биде допрецизирана во наредните денови со француското претседателство со Унијата, соопшти владиниот заменик-портпарол Томас Штег. Тој ја пренесе оценката на владата дека односите со Русија се значително оптоварени, се на крстопат и во текот на есента ќе се разговара за принципите на идните односи и соработка. Сепак, Штег додаде дека никој во владата нема интерес од изолација на Русија, ниту е можно решение на конфликтот преку натамошна конфронтација. Утре и министрите на земјите од НАТО ќе разговараат за односите со Русија.

Инаку, германската влада категорично негира дека автоматското оружјеод германско производство, што го користеле грузиските специјалци во Јужна Осетија, е извезено од Германија, но не може да каже по кој пат стигнало таму.

►◄