1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Почна офанзивата врз Фалуџа

Американските и ирачките сили почнаа интензивни напади за освојување на бунтовничкото упориште Фалуџа, откако вчера, премиерот Ијад Алави прогласи вонредна состојба во земјата, што ќе трае 60 дена. Според него, владата донела таква одлука затоа што ги исцрпела сите средства за воспоставување на мирот во земјата, пред изборите што ќе се одржат во јануари.

Американските сили рано утринава навлегоа во бунтовничкото упориште Фалуџа, каде што ја зазедоа главната болница и два моста во градот. Агенциите јавија за наизменични рекетирања од страна на американската артилерија и ирачките сили. Тешка експлозија одекнала во северозападниот дел на градот, каде што според претпоставките, се наоѓаат околу 6000 милитанти, приврзаници на Садам Хусеин, Ал Каеда и Абу Мусаб ал Заркави.

Офанзивата врз главната болница во Фалуџа, која беше под контрола на бунтовниците, почна рано утрината, откако неколку стотици ирачки трупи, со сила ги искршија вратите на објектот и влегоа за да ги ослободат 50 –тина луѓе кои се наоѓаа внатре. По акцијата, контролата врз болницата ја превзедоа американските маринци.

Премиерот на привремената ирачка влада Ијад Алави, кој вчера нареди двомесечна вондредна состојба во земјата, рече дека нападот на бунтовниците Фалуџа веќе не може да се одлжува. Според Ајави, време е да се воспостави конечен мир во земјата, пред парламентарните избори што треба да се одржат во јануари.

,, Ова е мошне јасна порака дека ние сме сериозни во намерите. Сакаме да ги спроведеме изборите, сакаме да ја осигураме земјата за претстојните избори на кои што ќе се изјаснуваат Ирачаните, слободно, без влијание од терористите и оние кои се обидуваат да го уништат политичкиот процес во Ирак и да предизвикаат загуби во земјата..,, рече Ајави.

Со одлуката за прогласување вонредна состојба во земјата, ирачкиот премиер и даде целосно овластување на владата за сузбување на бунтовниците, од кои секојдневно гинат луѓе во Ирак.

,, Мојата влада има за цел да ги заштити ирачките граѓани, а тоа го потврди и советот на министерите, го потврди и претседателството. Сега ќе ја спроведеме таа одлука и ќе преземеме се што е потребно,, изјави синоќа Алави, додавајќки дека владата се одлучила на вонредна состојба откако ги исцрпила сите средства за воспоставување мир во земјата.

Обидите за мирно решение меѓу официјален Багдад и милитантите во Фалуџа пропадна минатиот месец, откако премиерот Алави се закани со силна инвазија врз градот. Претходната силна серија напади на сојузниците во Фалуџа, во Април, резултираше со стотици загинати.