1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почна одбраната на Милутиновиќ во Хаг

*

Пред Хашкиот трибунал денеска почна доказната постапка на одбраната во судењето на поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ и петорица сообвинети за воени злосторства врз косовските Албанци од 1999 година. Нивното судење почна на 10 јуни 2006 година. На почетокот на мај годинава овинителството заврши со своите докази против обвинетите, по што беше дадена пауза за подготовка на адвокатите на обвинетите за одбрана.