1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Почна новата сезона во Бундеслигата

Во Германија започна новата фудбалска сезона со половичен успех на фаворитите за првото место: Баерн и Вердер стартуваа со победи Хамбургер и Шалке, мораа да се задоволат со по бод. Во Гетеборг заврши европското првенство во атлетика на кое Германија со 10 освоени медали е втората најсупешна земја.

Започнаа возбудувањата во Бундеслигата

Започнаа возбудувањата во Бундеслигата

Хамбургер и Шалке пред првенството како да сакаа сите да ги подисплашат:„Сакаме да бидеме прваци„. Навивачите се радуваа барем на малку напнатост во борбата за титулата, го коментира почетокот на новото првенство во Бундеслигата Бенјамин Вист.

Заканите се распрснаа како балони од сапуница. Самонарачените фаворити од Хамбург и Гелзенкирхен, се сопнаа на првите просечни пречки како Франкфурт или Билефелд. Обете екипи играа само нерешено 1 спрема 1 и веќе му го гледаат грбот на шампионот од Минхен. Најголемиот добитник во првот коло е токму Баерн. По слабите резултати во подготовките булеварскиот печат веќе пишуваше за „Хаос во Баерн„ или „Барен игра како кандидат за излегување„, токму вистинските зборови за мотивација на екипата на Феликс Магат. Победата против Борисуја од Дортмунд од 2 спрема 0 не беше нешто посебно, но ниту лоша или незаслужена. Всушсност типична победа на Баерн.

Задоволни се и во Бремен, третиот ловец на Баварците. Во типичен манир им успеа победата на гости од 4 спрема 2 против Хановер. Тренерот Томас Шарф:

„Секогаш е многу тешко да се добие провиот натпревар и затоа сум многу среќен што ни успеа. Им честитам на одбете екипи зашто тоа беше добар и интересен натпревар што понуди се што го прави фудбалот интересен„.

Значи, барем еден ловец на Баерн не заостана во бројот бодови од стартот. Според тоа, првиот натпреварувачки ден беше ден на отрезнување. Уште поголема од дупката меѓу желбите и стварноста на Шалке и Хамбург е онаа на Штутгарт. Загуби дома од ланскиот кандидат за излегување Нирнберг со 3 спрема 0. Уште поголемо отрезнување кај трите новајлии Ахен, Бохум и Котбус кои ги загубија своите први натрпевари. И уште еднаш за Хамбург и Шалке. Менаџерот на Бремен Клаус Алофс со следнава мудрост:

„Кога некој вели дека сака да биде првак, тоа уште не значи дека нема да загуби некој натпревар„.

Сосема исправно. Зашто која е таа екипа што нема да загуби ниту еден од вкупно 34-те натпревари. И уште: како некој да биде шампион ако не моеж на сопствениот терен да совлада екипи како Билефелд и Франфурт?

Се сеќавате на победата на германската репрезентација против Шведска за време на светското фудбалско првенство? Е, па овие две екипи в среда повторно ќе ги одмерат силите во пријателски натпревар, како подготовка за првиот кавлификациски натпревар за Европското фудбалско првенство во 2008. За новиот сојузен тренер Јоахим Лев, наследникот на Јирген Клинсман пласманот е сосема нормална работа. Но, амбициите се поголеми:

„На Европското првенство во 2008 го сакаме она што го пропуштивме на светското. Значи титулата еврпски првак да ја донесеме во Германија„.

За уште едно европско првенство што заврши вчера во Гетеборг. Атлетичарите од европските земји ќе го паметат по лошто време, Германците по второто место меѓу нациите во вкупниот број освоени медали: 10. За збогатување на збирката на последниот ден се погрижија Штефи Нериус со златото во фрлање копје и Тим Лобингер со среброто во скок со стап. За 34-гоидшната Нериус ова е еден од нејзините најголеми успеси:

„Ова е мојот сон. Си реков: барем еднаш да бидам на врвот и да ја слушам националната химна. Тоа денеска ми се исполни и јас сум многу среќна„.

Најуспешни на првенството се претставниците на Русија со убедливи 34 медали.