1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почна дијалогот Груевски Ахмети

Во Скопје почна средбата меѓу претсавници на владата и ДУИ. Претходно премиерот Никола Груевски се сретна со македонскито претседател Бранко Црвенковски. Детали од разговорите не и се познати на јавноста.

Скопје

Скопје

Највениот дијалог меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и шефот на опозициската Демократската унија за интеграција Али Ахмети стартува. Триото владини претставници покрај премиерот Никола Груевски го сочинува и министерот за одбрана Лазар Еленовски и професорот Владо Поповски кој учествуваше во составувањето на Рамковниот договор.

Средбата е во Клубот на пратениците, надвор од институциите на државата, владата и парламентот поради сеуште официјалниот бојкот што го применува ДУИ. По подолг период и притисок од САД и ЕУ почнува деблокадата на политичкиот дијалог власт - опозиција како еден од важните услови за дорелизаиција на Рамковниот договор и усвојување на реформските закони од агендата на ЕУ. Партиската делегација на ДУИ покрај лидерот Али Ахмети ја сочинуваат и вице претседателите Буџаку и Теута Арифи.

Дијалогот е нужен но средбата не значи рекомпонирање на владата и вклучување на ДУИ во кабинетот на Никола Груевски, рече потпретседателот на владеачката ДПА, Мендух Тачи кој денеска претпладне разговараше со американската амбасадорка во Скопје Џилијан Миловановиќ.

Нема информации дали амбасадорите на ЕУ или САД ќе посредуваат на овој возобновен дијалог Груевски - Ахмети.

Инаку утре во Скопје ќе доптува заменикот американски државен секретар. Заменкот на министерката Кондолиза Рајс Даниел Фрид е во турнеја во чиј центар е тријаголникот, Белград - Скопје - Приштина и обезбедувањето поддршка за идниот статус на Косово. За САД е важно македонската политичка и меѓуетничка стабилизиаицја да продолжи како можен модел и за косовската децентрализација особно употребливоста на примирјето и реализацијата на Рамковниот договор.

Во забрзаната политичка стабилизиација на внатрешно – политичките односи во Македонија секако спаѓа и денешниот разговор во кабинетот на претседатлот на Македонија Бранко Црвенковски.

Претседателот со премиерот Груевски за обемната агенда разговарале само 90тина минути. Во центарот на разговорите беа обврските за реформите за влез во НАТО, како и распределбата на испразнетите амбасадорски места, и пред се можните импликации од возобновениот дијалог во Њујорк, меѓу Грција и Макеоднија околу спорот со името со посредство на Метју Нимиц.

По подолг период на конфронтација за македонските врвни политичари беше важно да се демонстрира како ќе соработуваат владата и претседателот на државата. Кохабитацијата е доведена во прашање и по јавните критики од шефот на државата дека отсуството на политчкиот дијалог во Македонија како и застојот во реформите го доведува во прашање и евентуално поблискиот датум за членство во НАТО. Откако од САД стигнуваат позитивни вести дека Вашингтон ќе се заложи за македонското челнство во НАТО, за што е неопходна и внатрешно политичка согласност и стабилизација, политчарите во Скопје со видливи напори се обидуваат меѓусебе да ги надминат инаку нетрпеливите односи власт опозиција и релациите кои досега беа затегнати меѓу шефот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски