1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почна демаркацијата на границата кон Косово

Прашањето за косовско-македонската граница се затвора, откако од 30.06.2008 и на терен започна долго одолговлекуваната демаркација. Останува отворено прашањето - ќе следи ли признавање на независноста на Косово?

default

Поставени првите гранични пирамиди

На тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Косово на Шар Планина се поставени првите гранични пирамиди со што почна демаркацијата на северната граница на Македонија кон Косово во должина од 150 километри. Од сега во рок од една година треба да се исцртаат граничните меѓи што се договорени меѓу властите во Белград и Скопје пред шест години и кои се прифатени со планот за независност на Косово.

За демаркацијата на границата зборуваше и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски пред почетокот на изборната кампања во Македонија. Притоа тој истакна „И понатаму ќе се продолжи со зголемен интензитет да се работи на ова прашање со добра воља од двете страни.“ По завршувањето на изборите и пред формирањето на македонската мултиетничка влада сега се чини дека процесот на демаркацијата одеднаш се деблокира. Кон ова се надополнува и решителната посета на помошник заменикот на државниот секретар на САД Розмари ди Карло на Скопје „Сакаме наскоро да видиме повеќе земји што ќе го признаат независно Косово.“ кажа деновиве Ди Карло по средбите со македонскиот државен врв и разговорите како и кога Македонија би требало да го признае Косово како сосед со независност. Тоа веројатно ќе биде и еден од првите дипломатски чекори на новиот кабинет на премиерот Никола Груевски.