1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почна дебатата за уставните измени

Во македонското собрание денеска е отворена владината иницијатива за промена на уставот. Со неја ќе се овозможи и приватно основно, но и задолжително средно образование. Вториот амандман ќе го измени името на Централната банка во Народна банка на Република Македонија.

default

Кабинетот на Груевски има намера да го подигне нивото на образованието и затоа иницира уставна обврска – задолжително да се заврши средно училиште. Околу 50% од населението во Македонија има завршено само основно образование, или само класовите за општа писменост. Отворањето на уставните промени наидува на различни реакции. Денеска во собранието беше речено:

”СДСМ, начелно, како иницијатива за промена на уставот ќе даде поддршка и ќе гласаме ЗА оваа фаза”, изјави Борис Кондарко од редовите на социјалдемократите.

Зошто нова и парцијална промена на уставот, четврта по ред – праша опозицијата, додавајќи: зошто не комплетно нов устав? Пратеникот Ропза Топузовска од ЛДП, рече: ”Тоа ништо не е страшно. И библијата претрпела 3 560 измени .”

Пратениците на ДУИ денеска ја бојкотираа идејата за промена на уставот. Опозиционата пратеничка група најавува своја партиска стратегија. ”Интегративците” заговараат покрупна промена на уставот со институционални реформи. Прво, воведување фунцкија потпретседател на државата, избран од редовите на албанската етничка заедница. Второ, уставна обврска за избор на владата со т.н. Бадинтерово мнозинство, значи со согласност или вето од Албанците, или поедноставено – тоа би била влада со меѓуетнички консензус, составена од победниците во македонскиот и во албанскиот електорат.

Затоа и на стартот од добронамерноста на идејата и мотивите уставот да ги обврзе луѓето во Македонија на повисоко образование, се отвораат и политички прашања. Професорот по политички и уставен систем, Рената Дескоска, вели:

”Очекувате да имате стабилна власт чиј приоритет треба да биде економијата, а уште во првите сто дена почнуваат уставни измени кои трошат многу време.”

Од друга страна, помладиот колега на Дескоска, доцентот на Правниот факултет во Скпје, Жидас Даскалоски, со обратна оценка. Тој вели: ”Ако треба промена на уставот, тогаш подобро веднаш, за да можеме да се концентрираме потоа целосно на економски прашања.”