1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почна битката за Алепо

Сириските бутновници имаат намера да го освојат најголемиот град во земјата - Алепо. Според бунтовнички извори, „операцијат за ослободување на Алепо почна“. Се‘ повеќе Сиријци во меѓувреме бегаат од земјата.

Сириски активисти на видео-платформата Јутјуб емитуваа изјава на командантот на бунтовниците Абдул Џабар Мохамед Акиди, според која, во тек е акција за освојување на Алепо. Борбите во градот траат веќе трет ден по ред. Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека борби се водат во повеќе делови на градот. Досега најнаселениот град во Сирија, Алепо, беше главно поштеден од безредијата во земјата.

Од извори на сириските активисти се јавува и за нови напади на владините сили во Дамаск. Во главниот град на Сирија, како што се вели, армијата со тенкови навлегла во квартот Барсе. Опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон тврди дека се водат жестоки борби.

Се‘ повеќе Сиријци бегаат од земјата. За само 48 часа од Сирија преку границата со Либан побегнале меѓу 8 и 30 илјади луѓе, соопштија ОН. Во својата татковина се вратија и илјадници Ирачани кои во Сирија беа во егзил.

Во меѓувреме, францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус побара од сирискиот претседател Башар ал-Асад да се повлече од функцијата. „Време е да се направат подготовки за премин во нова ера“, изјави тој. Фабиус ја повика и разединетата сириска опозиција на обединување. „Сакаме брзо да биде составена преодна влада која ќе ја репрезентира разноликоста на сириското општество“, нагласи шефот на француската дипломатија.