1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почит и сомнеж кон гостинот од Рим

Папата Бенедикт 16-ти го почнува најделикатниот дел од патувањето на Блискиот Исток. Дали со посетата на Израел ќе омекнат односите со еврејската заедница, која се` уште е вознемирена од инцидентот со Вилијамсон?

default

Папата доаѓа во Израел со тешка задача

Во осум часот утрината (11.05.2009), Бенедикт слета на аеродромот во Тел Авив, а во наредните пет дена ќе посети локации во Израел и во палестинските области. Меѓу другото, треба да го посети еврејскиот меморијален центар „Јад Вашем“.

Бенедикт шеснаесетти во Израел и на Западниот Брег носи порака за мир и единство, што ќе ја пренесе за време на мисите, разговорите и посетите на Светата земја. Нема ништо потешко од ова. Папата доаѓа во длабоко поделена држава, во која Израел и Палестинците до пред само неколку недели војуваа во појасот Газа. Божјата порака треба да ги придвижи работите, иако само два проценти од населението се христијани.

Мнозинството од еврејските Израелци искажуваат голема почит кон папата, но истовремено и сомнеж. Авнер Шалев, директор на споменикот на холокаустот, меморијалниот центар „Јад Вашем“, денеска попладне ќе оствари средба со Бенедикт шеснаесетти. Тој вели дека секогаш кога некој папа го посетува меморијалниот центар, тоа е деликатна работа, а особено во случај со папа, кој е израснат во Германија. „Но, јас сметам дека тој е еден вид производ на својата генерација. Колку што знам, како мал бил принуден да биде дел од хитлеровата младина, но потоа веќе немал ништо со оваа идеологија. Сепак, сеќавањето на тоа и фактите се` уште постојат“, вели Шалев.

Зошто Израел го чествува „екстремно конзервативниот“ папа?

На поглаварот на католичката црква во Израел се гледа со скепса, поради фактот што е претставник на постарата германска генерација и поради тоа што сака да го прогласи за светец Пиј дванаесетти, неговиот претходник кој недоволно се заложи против убиството на Евреите во

Papst Benedikt winkt den Pilgern zu

Бенедикт ќе го обвие Ерусалим во папски сјај

Европа. А, скептичноста кај Евреите кулминира и поради тоа што Бенедикт не се дистанцира доволно од бискупот Ричард Вилијамсон, кој до ден-денешен го негира холокаустот.

Има Евреи во Израел, кои се прашуваат зошто еврејската држава го чествува токму овој човек. Политичарот од редовите на левоориентираните либерали, Ницан Хоровиц, го оценува папата како „екстремно конзервативен“, како противник на хомосексуалноста и правата на жените и саботер на борбата против сидата.

Други, пак, бараат од Бенедикт поголема транспарентност. Експертот за религии, Јесика Јискар-Харани, смета дека критичките реакции на еврејските Израелци доаѓаат поради тоа што тие се` си земаат при срце: „Еден дел од нашата еврејска нарцисоидност се состои во тоа што секогаш сметаме дека нешто се прави или во наша полза, или против нас. Нормално е дека за папите има и други светови, духовни, теолошки, што исто така ја интересираат црквата. Затоа, посетата на Светата земја не мора да значи и некаква јасна порака кон Евреите“, смета Јискар-Харани.

Бенедикт шеснаесетти, денеска и утре, ќе се обиде да го обвие Ерусалим во папски сјај, при средбите со претседателот на државата, Перес, градоначалникот на Ерусалим, Баркат, со верските челници, како и за време на мисата во арапскиот дел, во источен Ерусалим. Најверојатно, гостинот од Рим ќе предизвика огромен метеж во сообраќајот. Уште една причина за кавга, каква што има само во Светата земја.

Автор: Себастијан Енгелбрехт / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM