1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почит за жртвите од атентатите во САД

Ширум светот денеска се одржуваат комеморативни свечености во знак на сеќавање и почит за жртвите на терористичките напади во САД од пред 10 години.

default

Ненси Скејлс Тарасио денеска на комеморацијата на „Граунд зиро“ ќе ги читаат имињата на жртвите од атентатите

Во Австралија, Нов Зеланд и Малезија им беше оддадена почит на нивните сонародници, кои ги загубија животите во нападите врз Светскиот трговски центар. Во САД, пак, денеска ќе се одржат комеморации на сите три места каде беа извршени атентатите, во кои загинаа преку 3.000 луѓе. Американскиот претседател Барак Обама ќе присуствува на сите три манифестации. Со оглед на најновите закани со теростички напади, Обама во обраќањето до нацијата побара не само тајните служби, туку и граѓаните двојно да ја зголемат будноста на овој ден.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска

DW.COM

Поврзана содржина