1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почитување на лицата лишени од слобода

Во годишниот извештај на Европскиот комитет за превенција на тортурата на Советот на Европа е опфатена и посетата на Македонија. Деталите ќе бидат познати по одговорот на македонските власти на забелешките на комитетот.

default

Седиштето на Советот на Европа во Стразбур

Во најновиот годишен извештај на Европскиот комитет за превенција на тортурата и нечовечкиот и недостојен третман на Советот на Европа (КПТ), објавен денеска (10.11.2011) во Стразбур, главниот акцент е ставен на изолирањето на лицата лишени од слобода. Во извештајот е опфатена и посетата на Македонија, но деталите од оваа посета ќе бидат познати наскоро, откако македонските власти ќе ги вратат коментарите и одговорите на забелешките направени од страна на КПТ.

Во дваесет и првиот по ред годишен извештај на КПТ е опфатен периодот од август 2010 до јули 2011 година, за време на кој беа посетени 14 земји со цел да се разгледа начинот на кој се третирани лицата лишени од слобода во повеќе институции ширум Европа.

Експертите на КПТ по деветти пат во овој период ја посетија и Република  Македонија (меѓу 21.09.2010 - 01.10. 2010 година). Извештајот за Македонија веќе е усвоен од КПТ и сега се наоѓа на разгледување од надлежните

Symbolbild Gefängnis Haft Gitterstäbe Mann Verbrechen

институции во Македонија, кои треба да дадат свои одговори и коментари на забелешките на Комитетот, по што извештајот  наскоро се очекува да биде објавен во јавноста.

Затворските услови во Идризово се одраз на затворските услови во Македонија

По последната посета на Македонија, тогашниот претседател на КПТ, Мауро Палма, во интервју за Дојче Веле изјави дека ако е забележано подобрување на условите за лицата кои се наоѓаат во притвор, истото не може да се каже за затворите, поточно за затворот во Идризово. Тој, при последната посета на Македонија, побара итна евакуација и реновирање на петтото крило на овoј затвор.

„Затворите сега се главниот проблем при лишувањето од слобода во Македонија, посебно затворот Идризово во Скопје. Во Македонија имаме околу 2700 до 3000 затвореници, од нив околу 1300 до 1400 се наоѓаат во Идризово. Значи Идризово не е обичен затвор, Идризово е затворот на Македонија. Затворските услови во Идризово се затворските услови во Македонија“, рече тогаш Мауро Палма во интервјуто за Дојче Веле.

КПТ забележал дека има подобрувања во споредба со претходната посета, но во главниот дел, во кој се наоѓаат меѓу 400 и 500 затвореници, условите кои ги затекнале биле застрашувачки. Затоа тогаш било побарано итно затворање на овај дел од затворот во Идризово. 

Претседателот на КПТ оцени дека има подобрување на условите за притвор и односот кон притворените лица, а повторно било покажано со прст однесувањето на Алфите и внатрешната контрола на полицајците.

Kosovo - Erzengelkloster bei Prizren

Се’ уште нема одговор од КФОР

Ситуацијата во психијатриските болници во Македонија, според Палма, се наоѓа во просекот на она што се среќава и во другите земји и се разбира дека е потребно нивно подобрување.

Изолацијата на затворениците да се сведе на минимум

Во годинешниов извештај, КПТ посебно жали што и четири години откако го доставил извештајот до НАТО, по посетата на затворите и местата за лишување од слобода кои беа во надлежност на КФОР на Косово во 2007, објавувањето на извештајот се’ уште не е одобрено.

Главниот акцент во годинешниот извештај е ставен на изолирањето на лицата лишени од слобода. Во извештајот се бара од државите членки на Советот на Европа веднаш да го сведат на минимум изолирањето (ставањето во самица) на затворениците. Оваа мерка, според КПТ, треба да се користи во исклучителни ситуации и нејзиното траење треба да биде колку што е можно пократко.

Според Латиф Хусеинов претседателот на КПТ... „Изолацијата може да има крајно штетни последици за менталното и соматичното здравје и за доброто на затворениците, аколку оваа мерка е подолга и неутврдена последиците од ова се зголемуваат. Показателот, според кој стапката на затворениците кои се изложени на оваа казнена мерка се самоубиваат почесто од другите затвореници, доволно зборува. Оваа практика отвора серизони прашања во поглед на забраната за измачување и нечовечки и помижувачки третман.“

КПТ смета дека максимално најдолг период на изолација поради дисциплински мерки за затворениците не смее да надмине 14 дена и тој би требало да биде пократок.

Europarat Straßburg

Пленарна сала на Советот на Европа

Во извештајот, КПТ ги повикува државите членки на СЕ да го гарантираат и слободниот пристап до адвокат на лицата од самиот почеток на нивното лишување од слобода, без разлика на направениот прекршок или кривично дело.

Комитетот не осудува, туку ги утврдува проблемите

Според податоците со кои располага Европскиот комитет за превенција на тортурата и нечовечкиот и недостојен третман, во 47-те земји членки на Советот на Европа има 1. 814. 800 затвореници (статистички податоци на 1 септември 2009). Но, мандатот на КПТ не се ограничува само затворениците, тој се грижи и за сите други лица лишени од слобода: во полициските станици, центрите за згрижување на малолетниците, имигрантите и азилантите, воените затвори, психијатриските болници, домовите за стари лица итн.

Улогата на КПТ е да ги утврдува проблемите и да им помогне на властите на земјите членки на Советот на Европа, за да најдат решение за нив, а не да ги осудува.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска