Почитувањето на човековите права да не се потцени во меѓунардоните односи | Теми на денот | DW | 10.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Почитувањето на човековите права да не се потцени во меѓунардоните односи

Денеска во светото се одбележува меѓунродниот ден за човекови права. Гинѕтер нооке е одговорнотот лице на германската влада за човековите права. По повод 10 декември, Нооке за Дојче Веле со свои гледишта за гермаснката политика за почитување на човековите права.

Гинтер Нооке

Гинтер Нооке

Нестабилните земји неможат да пружат сигурност ниту гаранција за човековите права, иако некои од нив располагаат со нафта, гас и други барани сировини смета Гинтер Нооке и дополнува „Таму каде што интерно не е стабилно, каде нема придржување до правото и законите, а со тоа ниту до човековите права, со тие земји може да се склучат само нестабилни договори. Ова се однесува и на оние кои сметаат, наместо да склучат договори со ЕУ или другите земји каде владее демократијата, дека ако се со другите се на сигурна страна. Но не верувам во тоа. ”

Владата во Судан на пример, не само поради Дарфур, е на прво место по повредување на човековите права во светот, но поради кинеските интереси за нафта во земјата, смета дека е заштитена од санкции од страна на ОН.

Но и во Кина, смета Нооке во голема мера се повредуваат човековите права, и потенцира дека има смисла при средбите на владино ниво, постојано да се разгледува оваа тема „Мислам дека мораме да внимаваме, да не ја прецениме темата политика за човекови права, но исто така и да не ја потцениме. Имено ниту една земја, која сака да има добри размени како и меѓународна тежина не може да си дозволи, во медиумите постојано да биде именувана за повредување на човековите права.”

Одговорниот за човековите права во германската влада Нооке, сепак е загрижен поради ситуцијата во Русија „Немаме интерес Русија да ги предаде сопствените вредности. Тоа постојано јасно мора да го истканеме. Многу повеќе станува збор за тоа да ги поддржиме независните духови во Русија, тамошното цивилно општество, групите кои се ангажираат за човековите права и за нив да воспоставиме една јавност, но притоа да не се создаде впечаток дека ние на германска страна за интереси од трговска природа сме подготвени да правиме отстапки кај човековите права а со тоа да ги предадеме и нашите вредности.” смета Нооке.

Тој утре и во вторник ќе ја посети Русија каде за човековите права ќе разговара со претставници на владата и опоцизијата. Нооке пред неколку недели ги посети и земјите во Централна Азија, а во Узбекистан дури успеа да ослобди од затвор еден новинар. „Ако се продолжи во оваа форма, едноставно мора да се каже дека се исплати секој разговор, ако на еден затвореник му ја врати слободата, доколку неправедно бил суден.”

Нооке на своите партнери постојано им укажува на тоа дека во Германија во однос на човековите права постои консензус меѓу сите политички партии, и притоа важат истите мерки за сите земји, без оглед да ли станува збор за Кина и Русија или сиромашните земји од Африка основно правило е да се воспостави човечки соживот.

Поврзана содржина