1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Почина Џулио Андреоти

На 94-годишна возраст денеска почина поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти. Тој беше пратеник во сите италијански парламенти од 1945 година досега, а во 1991 година беше именуван за доживотен сенатор.

Андреоти беше еден од водечките луѓе на Демохристијанската партија (ЦД), која доминираше на италијанската политичка сцена речиси половина век по Втората светска војна. Тој беше пратеник во сите италијански Парламенти од 1945 година, а во 1991 година беше именуван за доживотен сенатор.

Андреоти првпат стана министер на 28-годишна возраст во 1947 година, а потоа беше претседател на седум италијански влади и раководеше со повеќе министерства, вклучително и оние за надворешни и за внатрешни работи и за одбрана.

Моќта на Андреоти беше разнишана кон крајот на 90-те години на минатот век, кога беше осомничен за убиство и за поврзаност со мафијата, но подоцна беше ослободен од ваквите обвинувања.