1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Почина фудбалската легенда Отмар Валтер

Фудбалските фанови во Германија тагуваат по двајца поранешни идоли: Отмар Валтер (на фотографијата) играч на репрезентацијата од 1954 година и Хајнц Флое, поранешен играч на ФЦ Келн.

Славниот германски фудбалер Отмар Валтер почина во 89-тата година од својот живот. Тој со фудбалската репрезентација на Германија го освои Светското првенство во 1954 година. Според соопштението на Германскиот фудбалски сојуз, Валтер постигнал 336 голови во 321 натпревар за фудбалскиот клуб Кајзерслаутерн, каде играл на позицијата центар заедно со својот брат Фриц, кој почина во 2002 година. Браќата Валтер со својот клуб ја имаат освоено германската лига во 1951 и 1953 година. Отмар Валтер е роден на 6 март 1924 година.

Heinz Flohe gestorben

Хајнц Флое во 1978 година (лево)

Пред се‘ во Келн со тага е примена и веста за смртта на Хајнц Флое. Поранешниот играч на ФЦ Келн припаѓаше на екипата која во 1974 година победи на Светското првенство во сопствената земја. Флое умре на 65 години. По сериозното нарушување на здравјето во 2010 година тој не се опорави и последните три години ги помина во кома. Флое со ФЦ Келн ги постигна најголемите успеси, во 1978 година стана германски шампион и трипати го освои Купот, во 1968, 1977 и во 1998 година.