1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Почина Србинот кој уби 13 роднини и соселани

Љубиша Богдановиќ кој во вторникот уби 13 луѓе во селото Велика Иванча во централна Србија, а потоа се обиде да си го одземе животот, попладнево починал на клиниката во Белград

Љубиша Богдановиќ, кој пред два дена смртно застрела 13 луѓе во местото Велика Иванча починал денеска во Клиничкиот центар во Белград. 60-годишниот Богдановиќ во вторникот уби 13 свои соседи и роднини во селото Велика Иванча, меѓу нив шест мажи, шест жени и едно дете, ја ранил сопругата, а потоа се обидел и да се самоубие. Мотивот за убиствата се уште не е откриен.

Погребот на 13-те жртви на масакрот е закажан за утре.