1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина рок легендата Лу Рид

Легендарниот музичар починал вчера, најверојатно како последица на неуспешната трансплантација на црниот дроб која му беше извршена на почетокот на годината.

Американски кантавтор и рок музичар Лу Рид, почина вчера (27.10) на 71-годишна возраст, објави списанието „Ролинг стоун“ на својата интернет страница.

Легендарниот текстописец и гитарист, на почетокот на годината беше подложен на трансплантација на црниот дроб, а точните причини за смртта се‘ уште не се познати. На почетокот на октомври Рид промовираше книга со фотографии, од него и од други рок легенди, кои ги направи фотографот Мик Рок.

Лу Рид е роден во Бруклин, а порасна на Лонг Ајленд. Тој ја основа групата „Велвет андерграунд“, а откако го напушти бендот во почетокот на 1970-те години, објави низа соло албуми кои го запечатија неговиот статус на една од највлијателните фигури во историјата на рокот. Негова најпозната песна е „Walk On The Wild Side“, а неговиот хит „Satellite of Love“ го обработија Ју-ту и уште некои познати музичари.