1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина Реј Чарлс

Прочуениот блуз и џез кантавтор Реј Чарлс, доцна синоќа почина на 73 годишна возраст во својот дом во Беверли Хилс

Реј Чарлс

Реј Чарлс

Неговиот портпарол изјави дека Чарлс починал во својот дом, опкружен од своите најблиски

Легендарниот пејач и пијанист, последен пат се појави во јавноста на 30 април оваа година. Иако слеп од својата седма година и сирак од 15 тата, Реј Чарлс, својот живот го помина поместувајќи ги границите во повеќе музички правци, џезот, блузот, кантри музиката.

Реј Чарлс е носител на 12 музички награди Греми, а неговите пецни како, Georgia on mu mind, I cant stop loving you и денеска со задовлство се слушаат ширум светот.