1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина Реј Чарлс

Американската легенда на соулот Реј Чарлс, почина на возраст од 73 години во неговата куќа во Беверли Хилс. Дванаестократниот носител на наградата Греми беше еднен од најзначајните музичари на блузот.

Реј Чарлс

Реј Чарлс

Реј Чарлс беше соул легенда. Или можеби беше еден од најважните музичари на блузот. Џез ентузијатите пак велат дека тој беше голем џезер. И црквата го удостои американскиот супер - музичар, кој вчера почина на 73 години.

Реј Чарлс Робинсон - како што е неговотот целоосно име - потекнува од семејство кое живееше во најсиромашни околкности во американската држава Џорџија. Ослепе уште како дете на шест годишна возраст, како последица на заболување на очите а на 15 години остана сирак. Наскоро потоа ја започна својата музичка кариера со настапи во Флорида. Неговата прва плоча “Бејби, лет ми холд јор ханд” се појави 1951 година. На 16 години започна да користи хероин, зависност која подоцна речиси му ја уништи кариерата. Реј Чарлс со текот на годините се профилирааше во извонреден пијанист, саксофонист и пеач. Мулти таленотот кој е познат во целиот свет освои 12 Греми награди во текот на неговата долгогодишна кариера, девет само во периодот од 1960 до 1966 година. Освен соулот, блузот, џезот кантри и свинг правците му беа многу блиски. “Никогаш не сум се сметал за дел од рокен ролот. Мојот материјал беше премногу зрел“ рече Чарлс во неговата автобиографија “Брадер Реј” која се појави во 1978 година. Тој своите фанови ги воодушевуваше и со своите актерски улоги. Во културниот филм “Блус брадрс” во 1980 година имаше краток настап. Во доцните деведесети играше во повеќе продолженија на “Нени”. Меѓу неговите најпознати хитови се вројуваат “ Џорџија он мај мајнд” “Хит д роуд Џек” и “ Ај кент стоп ловинг ју”

На крајот на април годинава Чарлс за последен пат се појави во јавноста. Видливо ослабен во инвалидска количка зема учество на една прослава со Клинт Иствуд при која неговото студио создадено пред 40 години во срцето на Лос Анџелес беше прогласено за историски споменик.

Музичарите реагираа со жалење на неговата смрт.