1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Почина принцот Фрисо

Холандскиот принц Фрисо, брат на кралот Виљем Александер, денеска (12.08) почина во Ден Хаг. Тој беше една и пол година во кома од која не се разбуди.

Принцот Јохан Фрисо почина по речиси 18 месеци откако беше затрупан со снег поради лавина. Тој почина на 44 години, како последица на оштетување на мозокот поради недостиг на кислород.

На 17 февруари 2012 година принцот беше затрупан од лавина во австриски Лех. Спасувачите успеаја да го извлечат по 15 минути. Поради недостиг на кислород тој тогаш доживеа и срцев удар. Фрисо потоа беше во кома во текот на која покажуваше само минимални знаци на свест.

Холандскиот принц прво беше пренесен во една клиника во Лондон, но со текот на времето исчезнуваше надежта дека ќе се разбуди од кома. Во јули 2013 година тој беше пренесен во родителската куќа во Ден Хаг, а состојбата му остана непроменета. Кралската куќа им се заблагодари на сите кои се грижеа за здравствената состојба и за нега на принцот.