1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина Пина Бауш-„Што ги придвижува луѓето“

Почина најпознатата кореографка и шеф на балет во Германија, но можеби и во светот, Пина Бауш. Доживеа светски успеси, но балетскиот ансамбл на Пина Бауш остана на своите корени, градот Вупертал во Рурската област.

default

Бауш, светски познат кореограф

Замина големата авангардистка на танцовиот театар, Пина Бауш. Таа почина на 68 годишна возраст, по само неколку дена откако кај неа беше дијагностициран рак. Претставници на политиката и културата реагираа потресено на ненадејната смрт на уметничката. Германскиот претседател Хорст Келер до нејзиниот син напиша дека Германија загуби танчерка и кореограф од светски ранг, освен тоа и извонреден претставник на културата на нејзината нација. Државниот секретар за култура Бернд Нојман, Пина Бауш ја нарече најзначајниот кореограф на денешнината.

Rough Cut von Pina Bausch auf der Bühne der Berliner Festspiele

Необични кореографии, нејзин белег

„Јазик на животот“

„Мене не ме интересира како се движат луѓето, туку што ги раздвижува, што ги поттикнува“. Оваа реченица потекнува од Пина Бауш. Со Вуперталскиот балетски ансамбл таа важеше за извонреден презентер на модерниот танцов театар. Кога се роди Пина Бауш во 1940 година во Солинген, како ќерка на еден гостилничар, ништо не навестуваше дека подоцна ќе стане култна фигура на меѓународната балетска сцена. Како дете посетуваше часови по балет. Со 14 години започна студии по танц на Високата Фолкванг школа во Есен. Студиите ги продолжи во Њујорк, а во 1962 година

Tanztheater Pina Bausch in Avignon 1995

Настан на танцовиот театар на Пина Бауш во Авињон во 1995 година

се врати во Германија и настапуваше како солист во Фолкванг балетот. Во 1973 година Пина Бауш во Вупертал стана најмладиот шеф на балет во Германија.

Нејзините поставки го одушевуваа подеднакво и публиката и критичарите. За нејзиниот начин на танцов театар Пина Бауш рече: „Не се работи за уметност, ниту за чиста умешност, се работи за живот и за наоѓањето јазик за животот. Ние сме искусиле, не само дома, туку насекаде, дека можеме да бидеме разбирани на различни начини. Танцот кој ви го прикажуваме буди чувства, спомени, надежи, кои ги имаат сите луѓе заеднички.“

Претстави без име

Детските игри и борбата на половите беа постојани теми во нејзините претстави. Но, тешко и‘ беше на своите претстави и изведби да им даде име. Често премиерите немаа наслов. Таа славеше триумфи низ цел свет, беше закитена со мноштво културни награди, меѓу другите, јапонската Кјото награда и Златниот лав на Биеналето во Венеција.

Ансамблот на Пина Бауш беше единствен и по тоа што одговараше и на поканите за студирање на странските земји и вградување на впечатоците оттаму во кореографијата и неговите изведби. Ансамблот на Пина Бауш во моментов е во Полска и го продолжува она што го започна големата уметничка.


Автор: Јута Костер/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска