1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Почина Папата Јован Павле Втори

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Јован Павле Втори почина во саботата вечерта на возраст од 84 година.

Последниот благослов на Папата Јован Павле Втори

Последниот благослов на Папата Јован Павле Втори

„Светиот Татко почина во 21 часот и 37 минути во неговиот приватен апартман во апостолската палата.“ Вака гласноговроникот на Ватикан Хоакин Наваро Валс вчеравечер ја објави веста за смртта Папата

Ватикан согласно со ритуалите на црквата официјално ја утврди смртта на поглаварот на Светата столица и му го извади рибарскиот прстен, симболот на моќта на Папата. Здравствената состојба на Пољакот Карол Војтила драматично се влоши во четвртокот измината недела. Насекаде во светот верниците жалат за смрта на Папата а илјадници луѓе се упатија кон Рим

Во голем број земји кратко потоа се огласија црквените ѕвона а верниците се молеа. Многумина се погодени од смртта на поглаварот на Римокатоличката црква, меѓу нив и претставници на другите светски религии Исламот и Еврејската заедница.

На плоштадот Свети Петар во Рим десетици илјади луѓе веќе неколку дена се молеа за Карол Војтила, а по објавувањето на смртта се огласи молитвата Аве Марија

На плоштатод Свети Петар владееше неверојатна тишина.

Еден час претходно 50.000 луѓе се молеа за него. Некои од луѓето веќе беа на заминување кога почна да се шири веста за смртта на Папата. Верниците беа потресени на некои лица се забележуваа и солзи.