1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина најстариот актер на светот

Јоханес Хеестерс почина на Бадник, на 108-годишна возраст. На сцената беше активен цели 90 години. Снимаше и филмови, плочи, а пишуваше и книги. Јопи, како што го нарекуваа сите, ќе остане запаметен по многу нешта.

default

Јопи Хеестерс

Јоханес Мариус Николаас Хеестер сакал да биде всушност свештеник, но бината го фасцинирала уште од најрани години. Сепак, додека почнал да се занимава со пеење и глума минале цели 30 години. Но, годините и онака за темпераментниот Јопи не играа којзнае колкава улога. Своите последни родендени ги прославуваше гордо, со големи прослави на кои пееше со се‘ уште силен глас. Сакаше да живее барем 110 години. Стигна „само“ до 108-та. До последно пееше на различни манифестации, настапуваше на телевизија и снимаше филмови. Бината беше неговата голема љубов и страст.

Entertainer und Schauspieler Jopie Heesters

Јопи во оперетата „Веселата вдовица“ во 1964 година во Берлин

Јоханес Хеестерс, роден Холанѓанец, 16 години посетувал драмска школа, а образованието го финансирал со работа во фабрика за слатки и во банка. Првпат настапил во 1934 година, во опера во Виена. Но, неговата голема кариера почна во Берлин, со улоги во голем број филмови. Берлинчани му го дадоа прекарот Јопи, кој го носеше до крајот на животот.

Јоханес Хеестерс за себе велеше дека не е политички ориентиран, дека е уметник и ништо друго. Така се бранеше од нападите на своите сонародници - Холанѓаните. Тие долго време му земаа за зло што неговиот вртоглав подем е направен во времето на нацистичка Германија.

Во Гинисовата книга на рекорди

Во приватниот живот Јопи беше оженет 53 години со Луиза. По нејзината смрт, во 1992 година се ожени за 45 години помладата Симоне Ретел. Тогаш Јопи имаше 89 години. Во 1997 година беше ставен во Гинисовата книга на рекорди, како единствен актер ширум светот кој со 93 години над 250 пати имал главна

ARCHIV - Johannes Heesters präsentiert während der Show zum

Имаше илјадници настапи - на фотографијата настап на Јопи на 50-годишнината на АРД-телевизиската лотарија во 2006 година

улога во претстава која трае цели три часа. Истата година ја доби наградата Бамби за животно дело. Во својот говор, притоа, рече дека сака да игра претстави во театар до својата 100-та година. И навистина, на бината беше до својата стота година, придружуван од сопругата. И покрај тоа што беше слеп, не можеше да се откаже од настапите.

„Го проживеав својот живот“, резимираше големиот актер уште во своите поранешни интервјуа. На бината беше 90 години, снимаше плочи, филмови, пишуваше книги. Добитник е на десет Бамби-награди, Златна камера и многу други медиумски награди. Неодамна почна да се прикажува кусометражен филм со него во главната улога, а наредниот проект на Јопи требаше да биде филмска верзија на една приказна на Антон Чехов. На 24.12.2011 година почина најстариот активен актер и пејач во светот - Јоханес Мариус Николаас Хеестерс.

Автор: Силке Винш/Берит Хемпел/Е. Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски