1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почина Лучијано Павароти

*

Ноќеска почина славниот италијански тенор Лучијано Павароти. 71-годишниот оперски пеач починал од рак на панкреасот, соопшти неговиот менаџер во Рим. Павароти беше опериран уште во јуни 2006-та и од тогаш не настапуваше, туку живееше повлечено со сопругата и ќерката во неговиот роден град Модена. Во вторникот, кусо пред смртта, на славниот тенор му беше доделен орден за придонес за италијанската култура. Лучијано Павароти се вбројуваше меѓу најголемите тенори на 20 век.