1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина Картие – Бресон

На југот на Франција, во 95 година од животот, почина еден од најголемите фотографи на 20 век и татко на модерната новинска фотографија, Анри Картие Бресон.

Анри Картие-Бресон

Анри Картие-Бресон

Прочуениот фотограф, основач на агенцијата ”Магнум Пикчр”, живееше повлечено, и погребан е во Прованса во присуство на семејството. ”Беше најдобар. Она што тој умееше да го забележи беше исклучително. Беше исклучителен и скромен човек”, изјави основачот на фотографската агенција Сипа Прес, Гоксин Сипахиоглу. Посебна карактеристика на Картие-Бресон беа црно-белите фотографии на кои успеаше да го овековечи она што тој го нарекуваше "решавачки момент".

За време на работењето, исполнето со многу патувања, познатиот фотограф, кого некои обожувачи го нарекоаоа ”око на векот”, со својот апарат забележа некои од историски најзначајните личности и моменти од минатиот век. Францускиот претседател, Жак Ширак, изјави дека Картие-Бресон е еден од најнадарените уметници на неговата генерација и дека Франција со него губи генијален фотограф.